Целосната документација за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ доставена до ДКСК и ОЈОГОКК
Од МНР повторуваат дека нема нерегуларности во постапката за избор на компанија за внатрешно и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“ за потребите на конференцијата на ОБСЕ...

Министерството за надворешни работи денеска ја доставило документацијата од целосната постапка за јавната набавка за уредување на салата „Борис Трајковски“ на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија.
Од МНР повторуваат дека нема нерегуларности во постапката за избор на компанија за внатрешно и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“ за потребите на конференцијата на ОБСЕ. Компанијата „ЕУРОВИА“ била избрана како најповолен понудувач со најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба.
Од МНР апелираат до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста.
