Честитка на Вељаноски по повод Националниот ден на Власите

23.05.2014 11:46

По повод 23 Мај - Националниот ден на Власите, Вељаноски изразува уверување дека определбата ни е заедничка...

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од свое и од името на пратениците упати честитки до сите припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите.
 
Себеизразувањето и афирмацијата на идентитетот се основните човекови права. Република Македонија ги почитува овие права и ми причинува задоволство да истакнам дека со одбележувањето на овој ден се уважува големиот, културен и општествен придонес на влашката заедница. Уверен сум  дека вредностите кои ги негува влашката заедница претставуваат значаен дел во севкупните заложби за зачувувањето на вредности на нашето општество, како и негување на толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието, Вељаноски.
 
По повод 23 Мај - Националниот ден на Власите, Вељаноски изразува уверување дека определбата ни е заедничка, во реализација на евро-атлантска интеграција на Република Македонија, со што продолжуваме да создаваме подобра и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат.