Македонија
Се запали автобус кај Стража, нема повредени патници
01.09.2023 13:54
Автобус кој патувал на релација Гостивар- Кичево, се запалил утрово кај Стража. Нема повредени патници...

Автобус кој патувал на релација Гостивар- Кичево, се запалил утрово кај Стража. Нема повредени патници, потврдуваат од МВР.
Денеска, во 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.
На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, соопштуваат од МВР.
