Богата програма на 44-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Добриот глас за фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ се шири по светот и затоа годинава ќе има најголем број ѕвезди до сега, меѓу светски докажаните кинематографери – најавија организаторите . Фестивалот ќе се одржи од 23-ти до 29-ти под мотото “Прекрасното непознатото“...

Македонија и годинава е домаќин на 44-тото издание на првиот и најстар филмски фестивал во светот „Браќа Манаки“. На најстариот интернационален фестивал на филмска камера ќе бидат презентирани 70 извонредни филмови, информираат од организацијата. Секогаш се трудиме да го собереме кремот од добитниците на награди на најголемите филмски фестивали, но годинава нема да бидат застапени оскаровци и тоа не е случајно, вели директорот Симеон Дамевски.
Селекторите на програмите за долгометражни играни филмови, како и за кратката, документарна и студентска програма ја претставија исклучително богатата селекција од атрактивни македонски и странски филмови. Фокусот годинава ќе биде на човечки теми за обични луѓе, во кои наместо технологијата, доминира вештината на кинематограферот произлезена од движењето и позиционирањето на камерата и светлото.
Добитник на специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност годинава е Шејмус Мекграви. Фестивалот ќе се одржува од 23-ти до 29-ти септември.
Марија Котовска
