Кошарка

Работнички или Кожув?

23.05.2014 12:00

Кој против МЗТ Скопје во финалето на плеј – офот во нашиот кошаркарски шампионат? Работнички и Кожув го искористија домашниот паркет во досегашнаите натпревари од меѓусебната серија во полуфиналната фаза од разигрувањето што го става скопскиот тим во мала предност пред вечерашниот дуел (пренос на Собранскио од 19 и 30). Гевгелискиот состав го прегази ривалот во вторникот пред своја публика, па можеби со поголема психолошка стабилност ќе влезе во мајсторката.

Ако се суди според досегашните мечеви на конкурентите, Работнички е поблиску до пласман во финалето затоа што Кожув во оваа сезона не успеа да победи ниту еднаш во „Градски парк“. Најтрофејниот мнакедонски клуб славеше со 72-67, 69-66 и со 88-81. На трите средби беше тесно, но Работнички успеваше да ја оствари целта. Биде ли така, вечерва, Македонија ќе сведочи на низа меѓу најголемите ривали на нашата кошарка. Финалето ќе почне во вторник од 19 и 30 во арената „Борис Трајковски“.