Скопје
Полициска акција на Клиниката за онкологија во Скопје
01.09.2023 19:26
На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција...

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.
По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејства во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачења со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, велат од Јавното обвинителство
Засега нема официјални информации што е предмет на предистражната постапка и дејствијата на полицијата.
