Командантот на тајландската армија се самопрогласи за премиер

23.05.2014 12:23

Вчера соборениот привремен премиер на Тајланд Ниватхамронг Бунсонгфајсан го прифати повикот на воениот режим...

Генерал Прајут Чан-оча, командант на тајландската армија, денеска ја презеде функцијата премиер на земјата, само еден ден откако изврши државен преврат, пренесуваат светските медиуми.

Во периодот во кој ние нема да имаме друг човек за премиер, надлежностите на премиерот ќе ги преземе шефот на Националниот совет за поддршка на мирот и на редот (воената хунта што вчера ја презеде власта во Тајланд), се наведува во наредбата на армијата, во која се промовира новата улога на генерал Прајут.

Истовремено, вчера соборениот привремен премиер на Тајланд Ниватхамронг Бунсонгфајсан го прифати повикот на воениот режим да се јави пред Националниот совет за поддршка на мирот и редот.