Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД
Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско- американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесува Гласот на Америка.
Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско- американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.
Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.
Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора.
Фото: Гласот на Америка на македонски јазик
