Партии

СДСМ: Блокадите од Мицкоски за членството во ЕУ се против подобар живот на народот

02.09.2023 09:18

Државата е пред историска шанса за членство во ЕУ, унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба да се искористи сега, велат од владејачката партија.

Блокадите и опструкциите што Мицкоски и ДПМНЕ ги прават против членството во Европската Унија се во спротивност со интересите и потребите на граѓаните. Тие се против подобар животен стандард на народот, посилна економија, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда, соопштуваат од СДСМ.

Граѓаните заслужуваат можност за интеграција во Европската Унија, заслужуваат подобар живот и можности за развој и напредок, но не заслужуваат да ја плаќаат цената на блокадите на ДПМНЕ. Државата е пред историска шанса за членство во ЕУ, унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба да се искористи сега, велат од владејачката партија.

Одлуката за уставни измени е единствената задача што треба да се заврши за продолжување на евроинтеграцијата. Блокадите не носат ништо, освен изолација и чекање, уште 11 или 17 изгубени години- стои во соопштението од СДСМ.