Фестивалот на пивото во Прилеп ја продолжува 20-годишната традиција
Изменет термин, но со исти очекувања-во Прилеп викендов се одржува Фестивалот на пивото кој има дводецениска традиција. И домаќините и гостите сакаат традицијата да продолжи и да има причина за дружење. За градските власти фестивалот ѝ е потребен на локалната економија…
Пенлив пијалак, вкусна скара, тридневна забава. Во нов термин, ребрендиран, Фестивалот на пивото во Прилеп ја продолжува традицијата. Тоа им е битно на прилепчани, но и на гостите од другите градови. Скараџиите сакаат да се пофалат и да поканат на гости.
Десетина штандови, голема забава, македонски и изведувачи од регионот. Организаторите ветуваат пивофестовска атмосфера, градските власти велат дека фестивалот е битен за локалната економија
За чистотата се ангажирани комуналните претпријатија. Забавната пивофестовска атмосфера се очекува да кулминира викендот. Надлежните уверуваат дека има доволно паркинг простор за сите посетители. В недела е бесплатен.
Елизабета Митреска
