СЕВЕРНА КОРЕЈА
Пјонгјанг истрела неколку крстосувачки ракети
02.09.2023 10:23
Сеул и Вашингтон вчера ги завршија големите годишни воени маневри во регионот, кои според Пјонгјанг, се подготовка за напад.

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во правец на Жолто Море. Од здружениот штаб на Јужна Кореја во Сеул соопштија дека и натаму се во состојба на готовност и внимателно ги следат активностите на северниот сосед.
Сеул и Вашингтон вчера ги завршија големите годишни воени маневри во регионот, кои според Пјонгјанг, се подготовка за напад.
Резолуциите на ОН и забрануваат на изолираната Северна Кореја да лансира и тестира балистички ракети со каков било дострел.
