Полицијата и истражителите влегоа во Онкологија
Полицајци и истражители ја проверуваа документацијата и компјутерите во Онкологија. Во предистражна постапка се обезбедувале докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело...

Полицајци и истражители вчера доцна попладне влегоа во Клиниката за онкологија. Неколку часа се проверуваше документацијата и компјутерите. По насоки на скопското Јавно обвинителство, и со обезбедена судска наредба од страна на Министерството за внатрешни работи, се преземаат дејства во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачења, со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело- велат од Обвинителство.
Засега нема официјални информации што е предмет на предистражната постапка и дејствијата на полицијата. Дел од медиумите објавија дека акцијата доаѓа по информации објавени во јавноста дека вработени лица незаконски препродавале лекови на пациенти.
Нема информации дали има приведени.
