Македонија

МВР: 17 санкционирани возачи под дејство на алкохол на подрачје на Прилеп

02.09.2023 10:35

За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 20.00 до 04.00 часот на подрачјето на  Прилеп  спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 17 возачи.

За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот, соопштуваат од МВР.