БЕЛОРУСИЈА

Минск: Полски хеликоптер го наруши нашиот воздушен простор

02.09.2023 10:38

Според Минск, снимката покажува како леталото се враќа на полска територија откако влетало во зоната која му била недозволена.

Граничната служба на Белорусија соопшти дека полски хеликоптер навлегол во воздушниот простор на земјата.

Според Минск, снимката покажува како леталото се враќа на полска територија откако влетало во зоната која му била недозволена.

Хеликоптерот Ми-24 летал ниско. Варшава ги негира обвинувањата од Белорусија.