Свет

Кина: Евакуација поради тајфунот „Саола“

02.09.2023 11:10

900 илјади луѓе се евакуирани, повеќето компании, училишта и транспортни услуги се прекинати во Хонгконг и други делови од јужниот дел на земјата.

Тајфунот „Саола“ пустоши во јужна Кина. 900 илјади луѓе се евакуирани, повеќето компании, училишта и транспортни услуги се прекинати во Хонгконг и други делови од јужниот дел на земјата.

Невремето се движи на крајбрежјето на Гуандонг, проследено со ветер со брзина од 17 км/ч. На повеќе локации се пријавени паднати дрвја. Опсерваторијата во Макао издаде предупредување за ураган.

Во последните месеци, Кина се соочи со поројни дождови од невидени размери и најсмртоносните поплави во кои загинаа десетици лица.