Ракомет – СП кадетки

Македонија избра „пристојна“ група!

23.05.2014 12:51

Од 20 јули до 3 август нашата земја ќе биде организатор на Светското првенство за ракометарки до 18 години, па како домаќин македонската репрезентација имаше можност да бира во која група ќе игра. Селекторот Аце Станковски реши тоа да биде конкуренцијата Ц во Струмица и Македонија да игра со Данска, Романија, Германија, Аргентина и со Узбекистан.

По четири кадетски репрезентации ќе обезбедат пласман во осминафиналето и оние што ќе минат од нашата група, во нокаут фазата ќе вкрстат со најдобрите селекции од сегментот Д во којшто се Португалија, Црна Гора, Хрватска, Франција, Ангола и Кина. Град домаќин на овие дуели ќе биде Охрид.

Составот на Групата А во Скопје е Шведска, Јужна Кореја, Казахстан, Бразил, Тунис и Холандија, додека во Б конкуренцијата во Охрид ќе играат Русија,  Норвешка, Јапонија, Унгарија, Парагвај и Конго.