Меџити очекува институциите да се произнесат брзо за истрагата на Онкологија
Министерот за здравство Фатмир Меџити упати поддршка за синоќешната акција на обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија...

Министерот за здравство Фатмир Меџити упати поддршка за синоќешната акција на обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија.
„Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата“, е ставот на министерот Меџити, соопштуват од Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа се одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
