Оризопроизводителите бараат да се продолжи сезоната за наводнување
Доцната сеидба го пролонгира периодот на зреење на оризот и во оваа фаза кога водата е најпотребна, веќе дваесеттина дена дел од полињата кај Облешево се суви, реагираат оризопроизводителите кои денес протестираа со блокада на патот Штип-Кочани…

Заради дефект во системот за наводнување, доведен во опасност опстанокот на околу 500 хектари под ориз во атарот на општината Чешиново-Облешево. Оризопроизводителите апелираат до надлежните да го решат проблемот, бидејќи како што велат, на оризот вода ќе му треба до крајот на септември.
Оризарите велат дека заради доцната сеидба и болестите, приносите на ориз годинава ќе бидат намалени. Надлежните од Водостопанство „Брегалница“, со став дека на стартот на жетвата, вода на оризот не му е потребна.
Заради очекуваниот намален принос на оризот годинава, земјоделците се надеваат на повисока откупна цена.
Оризот годинава ќе се жнее на околу 4.000 хектари. Се очекува род од 3.500 до 4.000 килограми по хектар, за илјада помалку од ланскиот род.
Славица Величковска
