Управниот суд денеска одлучува за тужбата на СДСМ
23.05.2014 12:56
Откако Управниот суд ќе излезе со одговорот, од СДСМ како што веќе најавија ќе го соопштаат следниот потег...

Управниот суд денес треба да одлучи за тужбата на СДСМ, со која се бара времена мерка за стопирање на решенијата што ги изготвува Собранието за 34- те пратеници на опозицијата.
За тужбата поднесена пред една недела, судот одлуката ќе ја донесе на последниот од 7– те дена предвидени со Закон за одговор .
Откако Управниот суд ќе излезе со одговорот, од СДСМ како што веќе најавија ќе го соопштаат следниот потег.
Генералниот секретар на партијата, Спасовски веќе изјави дека сите пратеници ги депонирале оставките до партиската централа.
