Поддршка од Италија за Македонија: Меѓународното право мора да се почитува
Во идното претседавање на Италија со ЕУ, проширувањето останува високо на агендата...

Македонија има целосна поддршка од Италија во заложбите за члентсво во НАТО и ЕУ, со право да истрајува на позицијата за почитување на меѓународното право.
Во идното претседавање на Италија со ЕУ, проширувањето останува високо на агендата, а македонската држава може да смета на максимална поддршка, порака од италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, на средбата со шефот на државата Ѓорге Иванов.
„Меѓународното право мора да се почитува, односно меѓународната заедница има обврска за почитување на воспоставениот стандард на целата планета, а тоа е меѓународното право. Исто така и дека Македонија со право истрајува на она што се општо прифатени принципи што треба да ги почитува секоја земја, затоа што ние со Грција сме презеле меѓусебни обврски со привремената спогодба, таа не ја почитува, поради што беше нашиот сучај во Хаг, рече Иванов, потенцирајќи дека однесувањето кон пресудата на Меѓународниот суд во Хаг не ни дава гаранција дека Грција ќе почитува каква било идна спогодба или договор“, изјави претседателот Иванов по средбата со неговиот италијански колега Наполитано.
Двајцата претседатели разговарале за отворените парашања, со кои се соочува ЕУ, за блокадите на Македонија во изминатиот период, и за начинот да се успее во заложбите да се стане членка на Алијансата и на ЕУ.
