Партии

СДСМ: ДПМНЕ нема аргументи зошто е против уставните измени и членството во ЕУ

03.09.2023 09:28

Од партијата велат- ниту има бугарски диктат, затоа што ние преговараме со ЕУ а преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата. Блокадите без аргументи се на директна штета на државата и на народот.

ДПМНЕ нема ниту еден можен аргументи зошто е против уставните измени и членството во ЕУ. За содржината и текстот на уставните измени ниту ДПМНЕ ниту најголемите скептици немаат никаква забелешка. Лагите за бугаризација, асимилација, губење на македонскиот јазик и идентитет, потонаа целосно. Преговараме со ЕУ на македонски јазик, македонскиот идентитет е заштитен- соопштуваат од СДСМ.

Од партијата велат- ниту има бугарски диктат, затоа што ние преговараме со ЕУ а преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата. Блокадите без аргументи се на директна штета на државата и на народот.

Тоа што ги прави Мицкоски за да си ја задржи својата фотелја во белата палата може многу скапо да ги чини граѓаните, нови 11 години изолација и загубени 10 тици милијарди евра од европските фондови. СДСМ ќе направи се блокадите на Мицкоски да бидат поразени и да продолжи европскиот пат- стои во соопштението.