Тешка сообраќајна несреќа во кавадаречко
Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила на патот Дреново- Кавадарци. Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал дваесетина метри од патот...

Синоќа нешто пред 22 часот, дежурен оператор на 112 во Центарот за управување со кризи добил повик од вознемирена мајка која известила дека и се јавил нејзиниот 8-годишен син и исплашено и кажал дека возилото кое било управувано од нејзиниот сопруг со кое тој со синот тргнал од село Дреново кон Кавадарци, излетало надвор од патот.
Сопругот не бил свесен, од главата му течела крв, а детето неможело да дише нормално. Веднаш биле известени итната медицинска помош, полицијата и пожарната единица во Кавадарци.
Локалните пожарникари воспоставиле контакт со осумгодишното дете. Возилото не се вклучило од локалниот на регионалниот пат. Возилото било пронајдено оштетено, излетано дваесетина метри надвор од патот.
Повреденото дете и неговиот татко итно се префрлени во Општата болница во Кавадарци, а поради сериозноста на повредите оттаму се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
