Свет

Масовни антивладини протести во Израел

03.09.2023 10:06

При интервенцијата на полицијата, десетици беа повредени. Немирите се случија на одбележувањето на 30-годишнината од владеењето на актуелниот лидер Афверки. На истото место беше организиран и контрапротест.

Масовни антивладини протести во Тел Авив 35-та недела по ред. Демонстрантите се против судските реформи кои ги сметаат за закана за демократијата. Според нив, ултрадесничарската влада на премиерот Нетанјаху ја води земјата кон автократија.

Кон крајот на јули коалициската влада донесе закон со кој се ограничуваат дејствата на Врховниот суд. Врховниот суд треба да ги разгледа жалбите на 12 септември. Неколку часа пред овие протести, пред амбасадата на Еритреја во Тел Авив се судрија поддржувачите и опонентите на владата.

При интервенцијата на полицијата, десетици беа повредени. Немирите се случија на одбележувањето на 30-годишнината од владеењето на актуелниот лидер Афверки. На истото место беше организиран и контрапротест.

„За жал, двете страни не го одржаа ветувањето. Овде стигнаа рано со намера да го саботираат настанот. Распоредени сме од синоќа бидејќи имавме информации дека планираат да опожарат објект“, изјави Шаим Бублил, полициски командир.

„Луѓето кои го поддржуваат еритрејскиот диктатор дојдоа и ги заплашија, се степаа на улиците. Ова не е битка против идеја или систем, ова е борба за живот. Секој ден се борат за себе и никој не ги поддржува.“

Еритреја е една од земјите со најлошо досие за непочитување на човековите права.