ПРИЛЕП

Временските промени го намалија родот на тутунот

03.09.2023 10:27

За 30 до 40 насто ќе биде намален родот на тутунот, иако останува квалитетот. Временските промени оставаат последици. Тутунарите остануваат на барањето за повисоки цени, очекуваат поддршка од Министерството за земјоделство…

Драге Касниоски од Големо Коњари како и лани има 15 декари со тутун, ама производството му е преполовено. Временските прилики, со дожд при садењето и жештини при растот, го намалија родот. Наводнувањето е голем проблем.

Во тек е бербата, во некои региони и при крај, зашто нема што да се бере. За 30 до 40 насто годинава ќе биде помал родот на тутунот иако се засадија повеќе површини.

Тутунарите очекуваат зголемување на цените, како што се движи инфлацијата и растот на репроматеријалите, и сметаат на поддршката од Министерството за земјоделство.

Годинава се потпишани 29.400 договори за 26.600 тони тутун.

Елизабета Митреска