КИНА

Десетици повредени во тајфунот „Саола“

03.09.2023 11:04

Затворени се сите училишта и градинки, а откажани се и многу летови.

Педесетина лица се хоспитализирани во Хонгконг поради повреди од тајфунот „Саола“.

Околу 500 жители побарале засолниште. Затворени се сите училишта и градинки, а откажани се и многу летови.

„Саола“ е деветтиот по ред тајфун годинава во овој регион.