МВР
Санкции за 21 возач на подрачјето на СВР Битола, возеле под дејство на алкохол
03.09.2023 11:10
За време на контролата биле санкционирани и 6 други видови прекршоци...

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 21 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 6 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот, соопштуваат од МВР.
