Фудбал – СП Бразил

Малер за Бендер!

23.05.2014 13:07

И вториот Бендер во германската фудбалка репрезентација нема среќа. Ларс нема да игра на Светското првенство откако претходно и Свен поради повреда не се најде на списокот на Јоаким Лев. Фудбалерот на Баер Леверкузен, Ларс Бендер присуствуваше на првите два дена од подготовките во кампот во Италија, но сепак повредата на бутниот мускул е посеризона од првичните проценки.

Во моментов, германскиот селктор на располагање има 27-ма фудбалери од кои за четворица нема да има место во авионот за Бразил. Тројниот светски шампион Германија ќе биде во мундијалската Група Г со Португалија, САД и Гана.