Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Кавадарци

03.09.2023 12:09

Синоќа нешто пред 22 часот, дежурен оператор на 112 во Центарот за управување со кризи добил повик од вознемирена мајка која известила дека ѝ се јавил нејзиниот 8-годишен син и исплашено ѝ кажал дека возилото кое било управувано од нејзиниот сопруг со кое тој со синот тргнал од село Дреново кон Кавадарци, излетало надвор од патот…

Синоќа пред 22 часот во ЦУК стигнало пријава од мајка која пријавила дека нејзиниот осумгодишен син ѝ јавил дека заедно со татко му доживеале сообраќајна несреќа на потегот меѓу село Дреново и Кавадарци.

ЦУК веднаш стапил во контакт со детето и по добиените координати на местото на несреќата, пристигнала Итна медицинска помош, Противпожарната единица и полициска патрола од Кавадарци.

На повреденото дете и неговиот татко првична медицинска помош им било дадено во Општа болница Кавадарци, но поради сериозноста на повредите однесени се во Клиничкиот центар во Скопје.

Славица Величковска