Трка како трка, сепак различна
6-тата трка во сезоната одново се очекува да одговори на прашањето: Може ли некој да ја оспори доминацијата на Мерцедес?

Гламур, престиж, богатство, составен дел од најбрзиот спорт во светот , но трката за големата награда на Монако дополнително ги потенцира атрибутите на битката низ улиците на Монте Карло. Најбавна трка во сезоната, речиси без можности за претекнување, 19 свиоци од кои неколку се минуваат и во прв степен на пренос,а опасноста доаѓа од близината на бариерите кон што е насочено и најголемото внимание на возачите.Сепак , да се победи во Монако е остварување на сонот, влегување меѓу легендите,престиж што е идентичен со победите на 24 часа Ле Ман и Индијанополис.Да се биде на иста листа со најуспешниот во историјата, единствениот со 6 победи Ајритон Сена, со Грем Хил и Михаел Шумахер кои по 5 пати славеле на улиците на кнежевството.
6-тата трка во сезоната одново се очекува да одговори на прашањето: Може ли некој да ја оспори доминацијата на Мерцедес?
Првиот од двата четврточни тренинга не одеше во таа насока, па иако не многу убедливо Хамилтон и Росберг имаа најдобри времиња, попладневниот дожд ги изми улиците,а со тоа и гумата што остана на патеката. Во новите услови најдобро се снајде Алонсо. Ред Бул покажа дека бележи брз прогрес, но напредувваат и другите. Сепак , клучот за успех во Монако барем според поблиската историја е позицијата на стартот.Во последните 10 години 9 пати славел возачот што стартувал од пол, а само еднаш Хамилтон(2008) од третата позиција на стартот се искачил највисоко на пиедесталот.Нико Росберг победи минатата година, сега решен на „своите“ улици да докаже дека е подобар од Хамилтон кој во Монако дојде со 4 последовни победи и како лидер во поредокот.
Единственото задоволство да присуствувате на натпреварот што е многу повеќе од обична трка ви го нуди јавниот сервис, утре квалификации и в недела трката во Монте Карло од 14 часот.
