САД

Невреме во Невада, едно лице настрада на фестивал

03.09.2023 16:40

Влезните и излезните патишта се затворени. Покрената е истрага за смртта на едно лице.

Околу 70.000 луѓе се заробени на фестивалот „Брнинг мен“ во Невада поради невреме кое го претвори пустинскиот предел во голема бара со кал.

Влезните и излезните патишта се затворени. Покрената е истрага за смртта на едно лице.

Метеоролозите најавуваат нови врнежи, а властите проценија дека ќе бидат потребни денови пред почвата да се исуши доволно за луѓето да си заминат.

Настанот требаше да трае до 4-ти септември.