Сообраќај

МВР: 136 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

04.09.2023 08:26

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.