протест

Во Скопје протест поради случајот со Клиниката за онкологија

04.09.2023 08:38

Се зголемува револтот кај народот по објавениот скандал од Клиниката за онкологија. Не стивнуваат реакциите во јавноста од семејства чии блиски починале од карцином...

Случајот онкологија отвори многу дилеми во јавноста. На социјалните мрежи сведоштва на роднини на заболени од канцер и сомнежи за начинот на лечење. Се зголемува револтот кај народот по објавениот скандал од Клиниката за онкологија. Не стивнуваат реакциите во јавноста од семејства чии блиски починале од карцином. Во Скопје протест поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18.00 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство.

Како што додаваат организаторите на протестот, се бара одговорност од некогашните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали, актуелниот министер Фатмир Меџити, од замениците Илир Хасани и Маја Манолева, од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова и актуелната, Рената Младеновска, како и од поранешниот организационен директор на Клиниката, Нехат Нухи.

Врз основа на судска наредба, минатиот петок беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, што ќе бидат предмет на анализа и вештачење.

Како што информираа од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови, поврзани со работата на Клиниката.