Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
04.09.2023 08:02
Во Македонија времето утрово ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи...

Во Македонија времето утрово ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот не очекува значително посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер и над 60 километри на час, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени, додека максималната ќе достигне 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
