Путин и Ердоган во Сочи, главна тема е договорот за жито
Договорот за жито – централна тема на средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега, Владимир Путин во Сочи...

Договорот за жито – централна тема на средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега, Владимир Путин во Сочи. Анкара ќе се обиде да ја убеди Москва да се врати на договорот по предлозите подготвени во ООН кои вклучуваат почеток на преговори за укинување на ограничувањата за руските производители на храна во Европа, како и повторното вклучување на „Роселхозбанк“ во Свифт системот.
Претходно на оваа тема, телефонски разговор имаа и украинскиот и францускиот претседател, Зеленски и Макрон. Двајцата лидери постигнале и важен договор за обука на украински пилоти во Франција. На терен, меѓусебни напади и обвинувања. Киев обвинува за руски напад врз едно од главните пристаништа за извоз на жито, Москва, пак, за напад со дрон во рускиот град Курчатов.
Во меѓувреме, Зеленски го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и побара од парламентот да го замени со Рустем Умеров.
