Одбојка

Прва европска титула за турските одбојкарки

04.09.2023 09:27

Во финалето на Европското одбојкарско првенство во женска сениорска конкуренција репрезентацијата на Турција со 3:2 во сетови ја совлада Србија...

Во финалето на Европското одбојкарско првенство во женска сениорска конкуренција репрезентацијата на Турција со 3:2 во сетови ја совлада Србија.

Мечот во Брисел, Белгија, донесе многу возбудувања, првиот сет им припадна на Србинките со 27:25.

Следуваше израмнување откако Турчинките во вториот сет беа подобри од 25:21, но возвратија нивните противнички кои ја вратија предноста откако во третиот сет славеа со 25:22.

Најефикасна во победничките редови беше Кубанката со турски пасош, Мелиса Варгас со 41 поен, додека на спротивната страна Тијана Бошковиќ се истакна со 37 поени.

За Турција ова е прво злато од европските првенства, додека за Србија ова е трето сребро, претходните два ги освои во 2007 и 2021 година.

 

 

 

 

 

Фото:/ CEV