Невреме

„Хаикуи“ го погоди Тајван, се движи кон Кина

04.09.2023 09:30

Тајван сè уште ги чувствува силните ветрови на тајфунот „Хаикуи“ додека бурата се движи кон Кина...

Тајван сè уште ги чувствува силните ветрови на тајфунот „Хаикуи“ додека бурата се движи кон Кина.

Во невремето кое се спушти на јужниот дел од земјата има десетици повредени. Илјадници луѓе се евакуирани, а над 200 илјади домаќинства се без струја.

Според Центарот за итни случаи, регистрирани се и свлечишта, а издадено е и предупредување за можни поплави.