САД
Илјадници луѓе заглавени во пустината во Невада
04.09.2023 09:37
Едно лице загина, а десетици илјади луѓе и натаму останаа заробени во калта по силното невреме во пустината во Невада каде што се одржуваше фестивалот „Брнинг Мен“...

Едно лице загина, а десетици илјади луѓе и натаму останаа заробени во калта по силното невреме во пустината во Невада каде што се одржуваше фестивалот „Брнинг Мен“.
Според очевидци наврнало толку големо количество дожд, колку што врне за цела една година, и песокот го претворила во кал и глина.
Поради непристапниот терен и евакуацијата којашто се одвива тешко, властите апелираат да се штеди на гориво и на храна.
