Вселена
Екипажот на „Спејс-Х“ успешно слета на земјата
04.09.2023 09:41
Екипажот со четворица астронаути на „Спејс-Х“ по 6-месечната мисија помината во Меѓународната вселенска станица изутрината успешно слета во водите на Атлантскиот океан во близина на брегот на Флорида...

Екипажот со четворица астронаути на „Спејс-Х“ по 6-месечната мисија помината во Меѓународната вселенска станица изутрината успешно слета во водите на Атлантскиот океан во близина на брегот на Флорида.
Помалку од еден час подоцна, капсулата беше подигната од океанот. Екипажот, го сочинуваат двајца Американци, еден Русин и за прв пат-еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати, прв човек од арапскиот свет што поминал подолго време во орбитата.
