Формула

Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија

04.09.2023 09:47

Возачот на „Ред Бул“ и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија што се одржа на патеката во Монца...

Возачот на „Ред Бул“ и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија што се одржа на патеката во Монца.

Холанѓанецот Ферстапен стигна до својата рекордна 10 последователна победа во Ф1 со време од 1:12:13.618. Стигна до 47 победа во кариерата и 12 сезонава на патеката Монца. „Ред Бул“ е и првиот тим во историјата кој постигнал 15 последователни победи во Формула 1.

Ферстапен го држи првото место во генералниот пласман кај возачите со 364 бодови, додека Перес е втор со 219. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се одржи на 17 септември за Големата награда на Сингапур.