Култура

Збирката на браќата Манаки прогласена за културно наследство од особено значење

04.09.2023 10:22

Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“, што се наоѓа во Државниот архив-Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење...

Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“, што се наоѓа во Државниот архив-Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

„Владата донесе одлука со која на оваа вредна збирка и е овозможено трајно зачувување во изворна состојба, се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и задржување на сите податоци што ги носи со себе како сведоштво. Високиот степен на заштита овозможува ширење на сознанијата за вредностите и значењето на збирката и за нејзината улога во културната идентификација, а се спречуваат и секаков вид дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање“, соопшти Министерството за култура.

Збирката содржи документација, фотодокументација и предмети од професионалниот живот на браќата Милтон и Јанаки Манаки, вкупно 1253 архивски единици документација со 3867 листови, 7041 фотографии позитиви, 6702 стаклени негативи, 1071 рол-филмови, 2087 план-филмови, 49 единици фото и кино опрема, 1364 страници научно-информативно средство.