Сообраќај

МВР: 1610 санкционирани возачи на мотоцикли

04.09.2023 10:47

Во текот на месец август 2023 година спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на месец август 2023 година спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1610 возачи.

Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, информираат од МВР.