Дипломатија

Кина: Џинпинг нема да присуствува на Г-20

04.09.2023 11:25

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува на овонеделниот самит на Групата-20 во Индија, поради замрзнатите билатерални односи...

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува на овонеделниот самит на Групата-20 во Индија, поради замрзнатите билатерални односи. На негово место ќе присуствува премиерот Ли Кианг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Односите меѓу Кина и Индија се заладени поради нивната спорна граница и сударот меѓу војската од пред три години, што резултираше со смрт на 20 индиски војници и четворица Кинези. Дополнително, тензиите порасна и поради судирите околу трговијата и растечките стратешки врски на Индија со главниот регионален ривал на Кина, САД.