МВР: 89 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на Куманово
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи. Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема. Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
