Фудбал – СП Бразил 2014

Клинсман не го сака Донован!

23.05.2014 13:32

Омилениот американски репрезентатвиец Лендон Донован ќе нема можност по  четвртипат да игра на Светско првенство. Селекторот на САД, Јирген Клисман го изостави играчот на Лос Анџелес од списокот од 23-та фудбалери што ќе настапат на мундијалот во Бразил.

„Едноставно, гледам некои други фудбалери пред него. Тој знае дека кон него имам голем респект, но морав да донесам одлука. Неговата кариера е одлична, но во фудбалот е важно колку можете да направите денес или утре“, категоричен беше Клинсман.

Сепак, американските медиуми пишуваат дека причините се подлабоки и дека Клинсман не му ја заборавил 2012-та кога Донован направи четиримисечна репрезентативна пауза и отиде на одмор во Камбоџа.

„Беше чест и привилегија да се игра за репрезентацијата на својата земја на три Светски првенства. Разочаран сум затоа што се радував на мечевите во Бразил. И покрај се ќе навивам за соиграчите и и натаму ќе бидам посветен на развојот на фудбалот во САД“, изјави Донован кој за репрезентацијата одигра 156 натпревари и постигна 57 голови.

Покрај Донован за место во мундијалскиот состав на САД не се изборија ниту Бред Еванс, Теренс Бојд, Џое Корона, Маурис Еду, Кларенс Гудсон и Мајк Паркхртс.