Хаџиевски заминува од Вардар!
Ѓоко Хаџиевски ќе замине од Вардар, клубот во којшто ја извршуваше функцијата спортски директор. Најтрофејниот македонски тренер во пролетниот дел од сезоната се врати во црвено – црниот табор сакајќи да биде дел од новиот проект, но незадоволен поради клупските состојби реши да ја прекине соработката со Вардар и повторно да се насочи кон интернационална тренерска кариера.

„Сметам дека бев недоволно искористен. Ја имав позицијата спортски директор, но бев далеку од тимот. Недоволните обврски во период од кариерата кога сум зрел и работоспособен, е главната причина поради којашто заминувам“, образложува Хаџиевски кој со Вардар има пет шампионски титули и два куп пехара во македонскиот фудбал.
„Кога дојдов мислев дека ќе биде сосема поинаку, но правеа отпор, се држеа состаноци без мене, а јас се дистанцирав и ја донесов одлуката за заминување“, објаснува Хаџиевски.
Во штотуку завршеното првенство Вардар не само што ја загуби титулата, туку остана и без пласман во Европа.