Ќе се реконструира Регионалниот центар за дечиња излечени од канцер
Во Кучково, општина Ѓорче Петров, ќе се реконструира Регионалниот центар за дечиња, излечени од канцер. Се очекува да биде готов за шест месеци до една година. Ќе има капацитет за 15 деца со по еден родител заедно, со помошниот персонал...

Секое дете кое ќе заѕвони на ѕвончето на Детската клиника, извојувало битка со тешката болест. Но потоа, пред нив претстојат нови предизвици. Ресоцијализација, рехабилитација и поддршка. За да биде конечен победник во битката со подмолната болест.
Објектот ќе има капацитет за 15 деца со по еден родител заедно со помошниот персонал.
„Приказната продолжува“, треба да им овозможи на децата психолошки, образовни, како медицинско-физички услуги кои ќе придонесат по лекувањето на малигните заболувања полесно да се вклучат во нормалните животни текови.
Овој објект, кој веќе функционира во Словенија и во Франција, е прв од ваков вид во земјава и регионот.
Ана Јосифовска Тодоровска
