Сведоштвата на болни и на роднини на заболени од канцер и сомнежи за начинот на лекување
Меџити и директорката на Клиниката за онкологија очекуваат брза реакција од надлежните за скандалот со лековите. Тврдат дека пациентите ја примаат пропишаната терапија. За МТВ преку видео на Вибер, јавно проговори колешката Вања Мицевска, новинарка во Канал 77, на која на 26 години и бил дијагностициран канцер. 2020-та примала хемотерапија...

На новинарката Вања Мицевска на 26 години и бил дијагностициран канцер. Пред три години примала хемотерапија. Вели дека случувањата на Клиниката за онкологија ја вознемириле, ова е премногу стресно за пациентите, за семејствата, но и за чесните здравствени работници.
Директорката на Онкологија смирува, од ноември 2022, откако е таа е на чело на Клиниката, сите пациенти ја примаат пропишаната терапија, без никави манипулации. За начинот на лекување одлучуваат 12 лекари, се следи патеката на лековите од влез на Клиниката до нивно искористување, ограничен е бројот на медицински лица кои можат да влезат во просторијата каде што се подготвува терапијата.
Клисарова признава дека како вработена долги години на Клиниката, слушала дека се прават незаконски работи, но тоа било само допрен глас, немала допир до документи и пишани докази за тоа. Вели, не може да ограничи влез на медицински лица кои се под истрага, бидејќи нема допис од надлежните институции коишто ја следат истрагата. За медицинската сестра којашто на крај на февруари годинава е фатена како краде терапија, вели веднаш е отстранета од работа, а во мај добила отказ. Министерот Меџити вели дека изминативе шест месеци откако е министер будно се следи работата на оваа клиника.
На Клиниката за онкологија во петокот беа запленети компјутери и документи. Освен на Онкологија, претреси имаше и во два приватни стана.
Наташа Јанчиќ Менковски
