Македонија

Училиштето „Коле Неделковски“ во Општина Центар добива нови четири училници за дополнителни 100 деца

04.09.2023 16:21

Премиерот Ковачевски посочи дека ова е прв зафат за проширување на училиштето по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беше во ОУ „Коле Неделковски“ присуствуваа и се обратија на поставување на камен - темелник за доградба на 4 училници во ова училиште, простор кој ќе овозможи образовниот процес да го следат дополнително уште 100 деца.

Премиерот Ковачевски посочи дека ова е прв зафат за проширување на училиштето по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.

Новата доградба вреди околу 580.000 евра и е целосно финансирана од Буџетот на Општината. Со доградбата се планира и ново скалишно јадро кое ќе го олесни пристапот до новата доградба, а новиот лифт ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето. Пристапна рампа се планира и во приземниот дел покрај скалишниот пристап, а обезбеден е и помошен излез од задниот дел на објектот.

Во тек се подготвителни активности за поставување фотоволтаици во училиштата, со поддршка од Банката за развој при Совет на Европа, во износ од 1.100.000 евра, со што ќе се обезбедат заштеди за потрошувачката на енергија и заштита на животната средина.