Партии

Алтернатива: За криминалот во Клиниката за онкологија треба да има одговорност

04.09.2023 17:53

Нагласуваат дека поради сомнежи дека таму имало злоупотреби, во време кога Алтернатива управуваше со ресорот здравство, преку министерот Беким Сали, се отворени истраги и побарана е ревизија. Дополнително разрешен е медицинскиот директор.

Сомнежи во случајот со Клиниката за онкологија зборуваат за тежок криминал во здравствените институции и претставуваат лоша вест за сите пациенти кои нивното здравје го доверуваат на јавното здравје, велат од партијата Алтернатива.

Нагласуваат дека поради сомнежи дека таму имало злоупотреби, во време кога Алтернатива управуваше со ресорот здравство, преку министерот Беким Сали, се отворени истраги и побарана е ревизија. Дополнително разрешен е медицинскиот директор.

Осудувајќи го тој чин во Клиниката за онкологија, Алтернатива повикува овој случај да не заврши од Јавното обвинителство исто како цинизмот со модуларната болница во Тетово. Бараат да не се остава простор за познатите манипулации на Обвинителството на Јовевски.