ДУИ: Целосно да се расчистат сомнежите во Клиниката за онкологија
ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции, велат од партијата.

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија и бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите.
ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции, велат од партијата.
Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик.
ДУИ, истотака, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи- стои во соопштението.
